Украинскиот премиер ги повика бизнисите да се вратат на работа!

Иако неговата земја веќе 18 дена е под жестоки воени удари од Русија, премиерот Денис Шмихал ги повика украинските бизниси да се вратат на работа, најавувајќи престројување на економијата!



„Сè уште никој не може да каже дека војната ќе заврши утре. Затоа, преструктруирањето на економијата кон новите реалности треба да стане клучна основа за победа. Затоа, ги повикувам сите: кој може да работи, а има работа – нека работи. Кој има бизнис на територии каде што нема активни непријателства, нека продолжи со активностите. Вие сте дел од економскиот фронт“, изјави Шмихал.

Тој го спомена и претстојниот почеток на сеидбата.

„Мораме да размислуваме за иднината. Затоа, Владата воведува план за поддршка на сеидбената кампања, која треба да започне наскоро каде што е можно. Денеска веќе е одобрена одлука со која државата ќе ги надомести каматите на кредитите за покривање на сите загуби поврзани со спроведувањето на земјоделските активности. Исто така, на земјоделците ќе им бидат дадени државни гаранции за 80 отсто од износот на заемите што ги зеле“, рече Шмихал.

Претходно Алексеј Арестович, советник на претседателот Владимир Зеленски, ги повика жителите на централните и на западните делови на Украина, каде што нема непријателства, да одат на работа и да ја „обноват економијата“.