Украинскиот парламент ги забрани симболите „Z“ и „V“ што ги користи руската војска за промовирање на нивната војна во Украина., но се согласи со претседателот Володимир Зеленски да дозволи тие да се користат за образовни или историски цели, објави Ројтерс.
Одлуката ја поддржале 313 од 423 членови на Врховната Рада.
Двете букви од латиницата, не постојат во руската азбука, но може да се видат испишани на руските воени возила и опрема во Украина.
Новиот предлог-закон забранува создавање на невладини организации кои користат руски воени симболи или го поткопуваат суверенитетот на Украина.






