Украинскиот народ ја доби наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент

Народот на Украина е добитник на овогодишната награда „Сахаров“, која Европскиот парламент ја доделува на заслужните за одбрана на слободата на мислата и на човековите права.



„Тие се залагаат за она во што веруваат. Тие се борат за нашите вредности. Тие ги штитат демократијата, слободата и владеењето на правото. Тие ги ризикуваат своите животи за нас“, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, објавувајќи го победникот, пренесе Ројтерс.

„Нема никој позаслужен за оваа награда“, истакна таа.