Амбасадорот на Украина во Берлин, Андреј Мелник, го обвини германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за „многу загрижувачка политичка блискост со Русија“.
„За Штајнмаер беше и остана односот со Русија нешто значајно, дури и свето, небитно од тоса што се случува. Исто така, ни агресијата нема никаква врска“, изјави Мелник за весникот „Тагесшпигел“.






