Украински сексолог-консултант стана амбасадорка во Бугарија

Украинскиот сексолог-консултант Олесија Илашчук стана нов амбасадор на владата на Зеленски во Бугарија.



Таа вчера на бугарскиот претседател Румен Радев му ги предала акредитивите и ја почнала својата дипломатска кариера.

Илашчук беше предложена за амбасадор во јануари кога владата на Зеленски претрпе критики за испраќање на неискусен амбасадор во Бугарија која има огромни резерви на оружје од советскиот период кое му е потребно на Киев.

Дел од јавноста во Украина не можеше да го разбере изборот на психологот кој во својата биографија се претставувал и како сексолог консултант.

Украинската амбасада денска објави видео порака од амбасадорката Олесија Илашчук во која таа се заблагодарува на Бугарија за нејзината целосна политичка, економска, финансиска, хуманитарна и воена поддршка.