Веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина борбен авиони Су-27 полетал за Романија од воен аеродром во близина на Одеса, потврди романската агенција Аџерпрес.



Неколку часа подоцна се појави видео од слетувањето на украинските Су-27 во воздухопловната база Бакау во Романија.

Во четврток, 24 февруари, два авиони F-16 Fighting Falcon на романските воздухопловни сили во борбена служба на Воздухопловната команда на НАТО полетаа околу 06:15 часот, со цел да се разјасни состојбата со неовластениот лет кој се приближува кон воздушниот простор на Романија, соопшти министрството за одбрана…

Авионот Сухој 27, кој припаѓа на украинските воздухопловни сили, беше спроведен до слетување во воздухопловната база Бакау 95, кое заврши во 07:05 часот.

По слетувањето, украинскиот воен пилот им се стави на располагање на романските власти и ќе бидат преземени правни мерки неопходни во овие ситуации.