Украински Генералштаб: Се подготвува руски напад на Киев

Во билтенот објавен во раните утрински часови денеска, Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските трупи се подготвуваат да го нападнат Киев.



„Прилично голема количина на руска воена опрема и руски војници се концентрирани на приодите кон Киев. Разбираме дека битката за Киев е клучна битка што ќе се води во наредните денови“, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Вадим Денисенко за украинската телевизија.