Украински функционер: Русија е варварска земја и може да биде запрена само со сила

Запирањето на Русија е заедничка мисија на сите цивилизирани земји, изјави советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак.



„Зошто светот посветува повеќе внимание на Украина отколку на Африка или на Истокот? – Таков наратив промовираат руски агенти“, напиша тој на Твитер.

Војната во Украина не е локален конфликт – тоа е прашање каков ќе биде светот утре, додаде тој.

Ако и се дозволи на Русија да победи, „ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе го турне човештвото во темните векови“.

Подољак дополни: „Секој автократ би можел да предизвика територијални конфликти, да зазема земји и да истребува нации.

Според него, Русија е варварска земја, а варварите можат да бидат запрени само со сила.

„Запирањето на Русија е мисија на сите цивилизирани земји. Има време, но треба да побрзаме“.