Украински диверзанти упаднале на руска територија

Руската новинска агенција ТАСС лиферуваше вест дека украинска разузнавачка група влегла во регионот Брјанск, веднаш над северната граница со Русија, како дел од, како што се чини, ненадеен напад.



Руските медиуми јавуваат дека украинска група од околу 50 членови ги заробила жителите во селото Сушани.

Новинската агенција РИА наведува дека заложниците се држат и во селото Љубечан. Во Сушани се кренати во воздух трафостаницата и бензинската пумпа, велат од База.

„Шест жители на регионот Брјанск веројатно се заложници на украинските саботери кои се инфилтрирале во две локални села од Черниговската област на Украина.

Не е познат бројот на украинските диверзанти кои навлегле во регионот на Брјанск, но велат дека има неколку десетици вооружени милитанти. Во тек е престрелка.

„Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и руските трупи спроведуваат мерки за елиминирање на вооружените украински милитанти кои ја преминале државната граница на земјата“, изјавија за ТАСС од прес-службата на ФСБ.