Украинскии транспортен авион „Антонов, синоќа околу 23 часот се урна во Грција, на околу 40 километри од аеродромот во Кавала.
Авионот претходно пријавил дефект на еден од моторите и побарал итно слетување, но не успеал.
Според Flightradar24, станува збор за украинскиот авион Антонов Ан-12БК, кој летал од Ниш за Аман.
Грчките медиуми објавија дека во авионот имало осум лица и дека превезувал 12 тони „опасни материјали“, главно експлозиви, јавува „Катимерини“.
Според првите информации животот го загубиле осум лица, а авионот превезувал 12 тони товар. Се претпоставува дека осумте загинати се всушност целиот екипаж.
Градоначалникот на Кавала ги повика граѓаните да се држат настрана, предупредувајќи на можни експлозии.
Новинарот Васо Морали на Фејсбук напиша дека авионот при падот удрил во далновод по што повеќе населени места останале без струја..
„Околу 22 часот и 50 минути, авионот падна на земја во пламен, според очевидци, источно од Никсиани (најверојатно меѓу Палеохори и Антифилипи), а најверојатно при падот акачил далновод. Следуваше експлозија, забележан е голем блесок, а веднаш потоа снема струја во Никисијани, Георгиа, Агиос Кристофорос и Палеохори“, сведочи тој.
Авионот Ан-12БК за прв пат полета во 1971 година. Тој започна со служба во компанијата Meridian LLC претходно оваа година.
Meridian LLC е основана на 11 јули 2003 година и е една од првите приватни авиокомпании во Украина која доби меѓународна дозвола за летање со регистрирање во ICAO (Меѓународна организација за цивилно воздухопловство).






