Западни медиуми објавија дека рускиот потполковник Азатбек Омурбеков Асанбекович бил „месарот од Буча“ обвинет за воени злосторства против цивилите во градот Буча во Украина.
Тој, наводно, добил благослов од Руската православна црква на крајот на минатата година.
Омурбеков е командант на 64-та одделна моторизирана бригада која била вклучена во окупацијата на Буча, град на периферијата на украинскиот главен град Киев, кој беше окупиран од силите на Кремљ до нивното повлекување минатата недела.
Според Телеграф, ловот по „касапот“ е во тек, а тој е осомничен за масовни злосторства врз цивили во Буча.
Тој беше идентификуван од украинските разузнавачки служби во соработка со волонтерската иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби.
Наводно, руските војници под негова команда убивале цивили во нивните домови, а имало и извештаи за силувања на жени и деца.
По повлекувањето на руските војници, откриени се бројни масовни гробници, како и безживотни тела на отворено, меѓу кои имало целосно голи жени, со врзани раце зад грб, објавија претходните денови западните медиуми.
Русија одлучно негираше дека нејзините војници ги извршиле овие ужасни злосторства во Буча.






