Украинската амбасада во Македонија повикува на регистрација во Меѓународна легија.
На Tвитер профилот на амбасадата се појави порака со која се повикува на регистрација во Меѓународната легија. Има мејл и телефон за контакт. Претходно, ваков повик имаше и во Тирана во Албанија.
Украинските власти објавија дека најмалку 16.000 странски борци се пријавиле да војуваат на страната на Украина. Се споменуваа информации дека хрватски и косовски борци веќе се во Украина. Пред 10 дена парламентот на Латвија донесе амандман со кој им се овозможува на нивните граѓани да станат дел од воените формации во Украина откако прво ќе се регистираат во резервниот состав на Латвија.
На 24 минатиот месец започна војна во Украина, откако Русија ја почна инвазијата на оваа земја.





