Генералштабот на вооружените сили на Украина тврди дека Русија загубила 26.000 војници и 1.170 тенкови од почетокот на конфликтот со Украина.
Се наведува дека Русија изгубила и 2.808 оклопни борбени возила и 519 артилериски системи, 87 системи за противвоздушна одбрана, 199 авиони, 158 хеликоптери, 94 крстосувачки ракети и 12 бродови, пренесува „Украинска правда“.
Да потсетиме, специјалната операција на руската армија во Украина започна на 24 февруари.






