Украинска армија: Соборивме 3 руски авиони и 3 беспилотни летала

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека украинските војници продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили врз главниот град Киев.



Украинската војска соопшти дека руските сили имале потешкотии да регрутираат квалитетен персонал и да ги подмират загубите претрпени за време на инвазијата, делумно поради влијанието на меѓународните санкции.

Од штабот тврдат и дека руската опрема е во лоша техничка состојба поради претходно невнимание и долгорочно складирање. Ова влијае на способноста на Русија да го одржи потребното темпо и да ја постигне крајната цел на војната, се вели во соопштението. Сепак, тоа не ја спречи Русија да продолжи со нападите и да нанесува штета на украинските сили, додаваат тие. Во извештајот се наведува и дека Москва распоредила максимален број единици на територијата на Крим и долж областите на регионите Керсон, Запорожје, Мариупол и Доњецк, со цел да го потисне отпорот на жителите.

Во регионите Доњецк и Луганск, украинските сили ги одбија руските напади и уништија 8 тенкови и 11 воени возила, соопшти украинскиот штаб, додавајќи дека украинските единици за воздушна одбрана собориле 3 авиони и 3 беспилотни летала на Русија.