31-годишна Украинка е приведена под обвинение дека испратила руско воено разузнавање локацијата на воената единица на нејзиниот сопруг, јавува Ројтерс, повикувајќи се на Службата за државна безбедност на Украина (СБУ).



Жената од регионот Днепропетровск, источна Украина, пренесувала информации за локацијата на воените згради и опремата на позициите на фронтот во регионите Доњецк и Запорожје, откако го испрашувала нејзиниот сопруг за локацијата на неговата единица и други украински формации.

Таа ги пренела добиените информации преку апликацијата „Месинџер“ до руското воено разузнавање, кое ги користело за изведување артилериски и воздушни напади, соопшти СБУ.

Тоа го направила и покрај тоа што е во брак со војник од вооружените сили на Украина и имаат син, додаваат од украинската служба.

Од почетокот на руската инвазија, украинските безбедносни служби се обидуваат да разбијат мрежа на руски агенти и да ги уапсат инволвираните.