Судот во Украина осуди украински државјанин на 11 години затвор затоа што дал информации за локациите на засолништата и позициите на украинските војници на руските сили, соопшти денеска Службата за безбедност на Украина (СБУ).
Според СБУ, руските сили имале намера „да ги искористат добиените информации за подготовка и извршување на ракетни напади врз Краматорск“.
Мажот е уапсен во март, пишува Киев Индипендент.
На почетокот на овој месец, 15 жители на окупираните делови на регионите Луганск и Доњецк кои „доброволно им се приклучија“ на руските војници по 24 февруари како снајперисти и фрлачи на гранати беа осудени на 15 години затвор за предавство.






