Околу 82 отсто од Украинците сметаат дека Украина не треба да отстапува територии според мировниот договор со Русија, јавува Ројтерс.
Огромното мнозинство вели дека не поддржуваат територијални отстапки, дури и ако тоа ја продолжи војната и ја зголемува заканата за независноста на Украина.
Ова е заклучокот од студијата спроведена од Киевскиот меѓународен институт за социологија.
Кисинџер: Украина да ѝ даде територии на Русија во обид да се постигне мир
Само 10% од 2.000 испитаници сметаат дека е прифатливо Украина да отстапи територија за да се постигне мир, а 8% немаат мислење.
Според истражувањето, 77% од Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се противат на какви било отстапки за копно.
Украинската влада постојано изјавуваше дека нема да му отстапи никакви територии на Кремљ.







