На еден од најомилените плоштади во Киев е поставена новогодишна елка во пресрет на Божик кој Уктаинците од оваа година ќе го слават според новиот календар – на 25 декември.



Поместувањето на датумот е одобрен од главната православна црква во земјата со цел – да се дистанцира од Русија.

Повеќето Украинци се православни христијани, а главната црква во земјата се согласи на почетокот на оваа година да отстапи од јулијанскиот календар – кој го слави Божиќ на 7 јануари.

Многумина на плоштадот рекоа дека се согласуваат со изменетиот датум.

Не треба да имаме ништо заедничко со таа земја“, велат некои од нив.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, симболично ги запали светилките на дрвото, велејќи дека тоа е финансирано од приватни донации за да се овозможи доделување на јавни пари за војската.