Украина го нападна окупираниот Мелитопол, стратешки лоциран град во југоисточниот дел на земјата, објавија украински и руски извори.



Промосковските власти во областа велат дека во ракетниот напад загинале две лица, а 10 се повредени, додека прогонетиот градоначалник Иван Федоров вели дека десетици „напаѓачи“ биле убиени.

Федоров тврди дека нападот погодил црква која Русите ја претвориле во собирен пункт. Советникот на украинскиот претседател Зеленски вели дека градот Мелитопол е клучен за одбраната на југот.

„Ако [градот] падне, целата линија до Херсон ќе се урне“, тврди тој во видео интервју на социјалните мрежи. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите за напади или смртни случаи.