Украинците му порачаа на Медведев „да најде бункер во кој ќе се скрие“

Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, одговори на заканите од заменикот и сојузник на Путин, Дмитриј Медведев и му порача да „најде бункер за да се скрие“.



Медведев му се закани на режимот во Киев и рече „дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат“. Медведев најави дека Москва ќе побара целосна капитулавија од Украина.

Пред тоа, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на земја како Северна Кореја и бункерот во кој ќе се крие, конечно нека престане да пишува „Русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле. “ објави Данилов вчера на Твитер.