Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Феодосија на Крим и тврди дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“ од Црноморската флота.



„Руската флота станува се помала. Имаше голема експлозија“, напиша Олешчук на социјалните мрежи.

Ројтерс пренесува дека Олешчук не презентирал никакви докази за ова.