Украинци: Убивме 200 војници во напад на руската база

Во неодамнешниот напад на руската база убивме дури 200 руски војници и командантот на окупираниот град Токмак, изјави украински функционер.
„Нашите одбранбени сили започнаа успешна операција против позициите на окупаторите во Токмак“, изјави за Телеграм Иван Федоров, градоначалник на окупираниот Мелитопол.



И прорускиот социјален медиум во вторникот објави дека украинските сили масовно го гранатираат Токмак и дека се забележани шест напади.

Владимир Рогов, функционер од Запорожје назначен од Русија, исто така рече дека тој ден имало серија експлозии во градот, објавувајќи видео од пожарот на отворен простор. Украинските сили редовно го таргетираат Токмак бидејќи е важен центар на руската одбрана.