Украина реагира на синоќешната нернадејна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Мариупол, град кој беше целосно уништен од руските сили, а потоа и окупиран.
„Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството“, објави на Твитер Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој додаде дека „убиецот на илјада семејства од Мариупол дошол да се восхитува на урнатините на градот и на гробовите“.
Тотален цинизам и отсуство на какво било каење“, вели Подољак.
Инаку, тоа беше прва посета на рускиот претседател на новоокупираните територии од руската армија во 2022 година, а беше темпирана на одбележување на 9-годишнината од анексијата на Крим.

Рано утринава руските агенции објавија дека Путин бил во окупираниот Мариупол уште во мај 2022 година, а неговата посета била најавена откако таа се случила – агенциите се повикуваат на соопштението на Кремљ, кое сепак беше официјално објавено неколку часа подоцна.
Пред тоа Путин беше на Крим, за него на социјалните мрежи објави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.







