Украина направи грешка што се откажа од својот нуклеарен арсенал на почетокот на 90-те во замена за безбедносни гаранции од САД, Велика Британија и Русија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Си-Би-Ес.
Запрашан дали е грешка што земјата се откажа од нуклеарното оружје согласно Меморандумот од Будимпешта од 1994 година, дипломатот кратко одговори „Да“.
За тоа дали САД и должат нешто на Украина во овој контекст, Кулеба рече:
„Делумно… Со оглед на фактот дека се откажавме од нашиот нуклеарен арсенал дека безбедносните гаранции што ни беа дадени не успеаја, верувам дека некои земји треба да се чувствуваат одговорни за ова. И да работат напорно за да се најде соодветна и ефикасна безбедносна гаранција за Украина“.
На потпишувањето на Меморандумот од Будимпешта на 5 декември 1994 година, Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Русија ја истакнаа својата посветеност да ја почитуваат независноста и постоечките граници на Украина во согласност со Конечниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа.







