Украина засекогаш го изгуби Азовското Море!

Потпретседателот на владата на Крим, украинскиот полуостров кој беше анектиран од Русија во 2014 година, изјави дека „Украина засекогаш го изгубила Азовското Море“, пренесува руската прорежимска агенција РИА Новости.



„Украина го загуби Азовското Море засекогаш. Пристаништата во регионите Запорожје и Керсон никогаш повеќе нема да бидат украински. Сигурен сум дека, по обединувањето на нашите региони со Русија, Азовското Море, исто како претходно ќе стане исклучиво море на Руската Федерација“, рече Георгиј Мурадов.

Украина постојано повторуваше дека нема да се согласи со никаков мировен план кој не вклучува враќање на сите окупирани делови под контрола на Киев.

Дмитриј Медведев, близок соработник на Владимир Путин, повторно рече дека Русија нема да се согласи на никаков договор што не го признава Крим како руска територија.