Украинскиот премиер Олексеј Гончарук денеска изјави дека
Украина ќе им исплати 200.000 гривни ( околу 8.500 долари) на име отштета на секое од семејствата на жртвите во несреќата на авионот во Техеран.
Премиерот Олексеј Гончарук кажа дека и украинската авио-компанија ќе исплати отшетата на семејствата на 11 членови на екипажот на нејзиниот „Боинг 737-800“.
Гончарук додаде и дека украинските дипломати работат на добивањето отштета за жртвите на несреќата од иранските власти.





