„Две руски ракети ја погодија железничката станица Крематорск во Доњецк. Има повеќе од 30 жртви“, соопшти Uktinform
Ројтерс наведува дека засега не може да ја потврди информацијата, а Русија не ги коментирала информациите за нападот и бројот на жртвите.
На станицата имало илјадници цивили, кои се обидувале да се евакуираат. По нападот три возови за евакуација биле блокирани.
Украинската страна тврди дека ракетите биле истрелани од руските сили кои ја нападнале Украина.
Здружениот команден центар на Доњецк, кој се бори на страната на Русија, тврди дека украинските сили отвориле оган врз областа околу железничката станица и дека нападите траеле цело утро.






