Украина Европската унија ѝ го врачи вториот дел прашалникот за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ, соопшти претседателот Володимир Зеленски.
„Денес направивме уште еден чекор – многу важен и не само формален – на нашиот пат кон Европската унија. Украина го испрати вториот дел од одговорите на специјалниот прашалник што секоја земја која претендира да биде дел од ЕУ мора да го пополни.
За тоа обично се потребни месеци и месеци. Но, направивме се за неколку недели“, рече тој и нагласи дека документот содржи илјадници страници.
„Денес разговаравме за нашата европска интеграција со Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија. Таа истакна дека е изненадена од брзината со која нашиот персонал го пополни прашалникот“, рече Зеленски.
Претседателот додаде дека очекува да добие позитивен одговор во јуни во врска со стекнувањето на Украина со статус кандидат за ЕУ.
Како што претходно објави UNIAN, на 28 февруари Зеленски потпиша апликација за членство на Украина во Европската унија.






