Ова го изјави висок претставник на Пентагон, цитиран од Ројтерс.
Претставници на Пентагон посочија дека илјадници касетни ќе му бидат доставени на Киев, но не наведоа конкретен број – ниту оние што се испорачани сега, ниту вкупниот број.
Претходно, портпаролот на воената команда на Таур, Валери Шершен, извести дека Украина штотуку добила касетна муниција, но се уште не ја користела.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин рече дека новите западни испораки на оружје за Украина „нема да ѝ дадат ништо, туку само ќе ја влошат ситуацијата“.
САД веруваат дека касетната муниција, која се отвора во воздух и ослободува десетици помали проектили, ќе им помогне на украинските сили да ги пробијат руските линии на фронтот, забележува Асошиејтед прес.






