Украина: Уништувањето на електричната мрежа е колосално

Шефот на украинската државна електроенергетска компанија „Укренерго” денеска ја опиша како „колосална” штетата предизвикана на украинските електрани и другата енергетска инфраструктура.



Володимир Кудрицки, шефот на администрацијата на Укренерго, на прес-конференција рече дека „практично нема термоелектрана или хидроелектрана што не претрпела штета во руските напади“.

„Нивото на уништување е колосално. Во Украина имаме дефицит во производството на електрична енергија. Не можеме да генерираме толку енергија колку што им е потребна на потрошувачите“, рече Кудрицки и ги предупреди Украинците дека би можеле да се соочат со сè подолготрајни прекини на струја бидејќи „Укренерго сака да создаде услови во кои луѓето можат да останат во земјата во текот на зимата“.

Тој рече дека од среда се очекува краток период на заладување, но потоа температурите повторно ќе растат, што ќе биде можност за стабилизирање на електроенергетскиот систем.

Тој рече дека „Украина има доволно резерви гориво бидејќи ги набавила пред руската инвазија“, додавајќи дека „напорно работи на поправка на оштетената инфраструктура“ и дека „се надева дека ќе набави резервни делови во странство“. Но, тој ја отфрли идејата за евакуација на цивили од неодамна ослободените региони Херсон и Миколаев, што беше предложено вчера од Ирина Верешчук, заменик-премиер на Украина.

Запрашан за идејата за евакуација на цивилите од градовите најтешко погодени со недостиг на енергија, Кудрицки рече дека таквите повици се „несоодветни“.