Украина: Убиен уште еден руски генерал

Украински разузнувачи тврдат дека силите на земјата убиле уште еден руски генерал откако првиот генерал беше убиен минатата недела.



Рускиот генерал-мајор Виталиј Герасимов е убиен во близина на Харков, соопшти разузнувачката агенцијата синоќа по локално време.

Тврдењето не можеше да се потврди, јавува Си-Ен-Би-Си.

Герасимов беше идентификуван од страна на разузнавачката агенција како началник на Генералштабот и прв заменик командант на 41-та армија за комбинирано вооружување.

Другиот висок руски офицер од таа армија, генералот Андреј Суховецки, беше убиен од снајпер минатата недела.