Наградуваниот американски режисер Брент Рено денеска бил убиен од руските сили во Украина, соопштија властите.
Наградуваниот американски филмски режисер и поранешен соработник на Њујорк Тајмс, бил смртно застрелан од руските сили во Ирпин, блиску до Киев, според официјални лица во Украина, јави Индепендент
На 13 март, руските сили отворија оган врз автомобил со странски новинари внатре во близина на Ирпин, цел на интензивно гранатирање од руските сили во последните денови.
Според началникот на полицијата во регионот Киев, Андреј Небитов, бил повреден уште еден новинар.
Властите, исто така, споделија фотографија од она што се чини дека е новинарска акредитација, издадена издадена од Њујорк Тајмс.

Но тој не бил ангажиран од весникот:
„Длабоко сме со тага кога слушнавме за смртта на Брент Рено. Брент беше талентиран режисер кој придонесуваше за Њујорк Тајмс во текот на годините “, рече портпаролот на изданието во изјава за The Independent.
Последен пат работеше за весникот во 2015 година, соопшти NYT, а идентификацијата за печатот што ја носеше во Украина беше издадена пред неколку години.
Не јасно за кого работел Рено во Украина.







