Украина тврди – 56 загинати при напад врз дом за стари лица

Најмалку 56 лица загинаа откако руски војници отвориле оган во дом за стари лица во Кремина во областа Луганск, тврдат украинските власти.



Украинските власти соопштија дека окупаторите „цинично и намерно“ од тенк пукале врз зграда во регионот на Луганск.

Државната служба за специјални комуникации објави дека има 15 преживеани, кои биле киднапирани од окупаторите и однесени на окупираната територија во Сватове во Луганската област, во регионалниот геријатриски дом“.

Скај њуз, кој ја пренесе оваа информација, независно не го потврди ова тврдење.

Истата информација малку подоцна ја објави и Би-Би-Си. Тие се повикуваат на шефот на армијата во Луганск, кој на Телеграм ја напиша гореспоменатата порака – дека руските сили намерно отвориле оган врз домот при што загинале 56 лица.