Швајцарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Украина изразила желба Швајцарија да ги застапува нејзините интереси во Русија, но сега се очекува Москва да даде одобрение.
Уште од почетокот на руската офанзива во Украина, Швајцарија се понуди да посредува меѓу двете земји.
Во Москва, пак, не веруваат дека Швајцарија е неутрална земја, посочувајќи дека на 5 март им се придружила на европските земји кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Швајцарија е позната по својата посредничка улога во Втората светска војна, кога ги бранеше интересите на 35 земји.
Но, првиот пат кога ги бранеше интересите на друга земја беше во 19 век, кога ги застапуваше француските интереси пред Кралството Баварија.







