Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател, вели дека Украина сака мир и е подготвена е да разговара со Русија за својот неутрален статус во однос на НАТО.
„Ако разговорите се можни, би требало да се одржат. Ако Москва вели дека сака да разговара, вклучувајќи и за неутрален статус, можеме и за тоа да разговараме – изјави Подољак.
Кремљ одби да ја коментира можноста за разговори помеѓу Путин и Зеленски, но призна дека украинскиот лидер изразил подготвеност земјата да има неутрален статус.
„Ќе ја анализираме понудата, но нашите очекувања од Киев остануваат непроменети – изјави портпаролот на Кремљ“, Дмитри Песков.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека не му верува на Зеленски и додаде дека целта на Русија не е да ја окупира Украина.
„Подготвени сме на преговори во секој миг, веднаш штом украинските сили одговорат на нашиот повик да го положат оружјето“, изјави Лавров за медиумите во Москва.







