Украина прими противвоздушни ракетни системи од Литванија

Украина денеска со авион од Литванија прими пратка со противвоздушни ракетни системи и муниција Стингер, соопшти Министерството за одбрана во Киев.



Претходно денеска два други авиони испорачаа околу 180 тони муниција од САД, изјави министерот за одбрана Олекси Резников. Украина досега добила речиси 1.500 тони муниција испорачана на 17 летови, рече тој на Твитер.

Воените претставници велат дека Украина значително ги зајакнала своите вооружени сили со помош на сојузниците, опремувајќи ја армијата, особено со американски и британски противтенковски системи и турски беспилотни летала, пренесува Ројтерс.

САД и сојузниците велат дека Русија може да ја нападне Украина во секој момент. Русија, која има повеќе од 100.000 војници масовно во близина на Украина, негира дека има таков план.