Украина прекина со извоз на струја по руските ракетни напади

Министерството за енергетика на Украина соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по руските ракетни напади на дел од градовите.



„Денешните ракетни напади погодија термоцентрали и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, па поради тоа Украина од утре ќе прекине со извоз на ел. енергија“, соопштија од министерството.

Во нападите загинаа најмалку 11 лица, а над 64 се повредени.