Во македонските државни институции постојат официјални белешки од разговори со украински дипломати кои македонските власти ги предупредиле на можноста од телефонски разговори со лажни личности.
Дипломатски извори за expres.mk тврдат дека екс украинскиот амбасадор Јуриј Гончарук во 2017 година ги известил македонските власти дека и за Македонија има опасност од случаи на “пранк” во кои руски шегаџии се јавуваат по кабинети и прават лажна претстава на телефонски разговори со Порошенко.
Гончарук за појавата информирал високи претставници на владата и за оваа работа постојат службени белешки во најмалку две државни институции.
За жал Владата и кабинетот на премиерот Заев овие предупредување не ги разбрале сериозно по што Заев три пати бил жртва на разговори со лажни соговорници.





