Украина е подготвена да ја започне својата долгоочекувана контраофанзива, изјави еден од највисоките безбедносни функционери во земјата, за Би-Би-Си



Олексеј Данилов не даде точен датум, но рече дека офанзивата за враќање на територијата од окупаторските сили на претседателот Владимир Путин би можела да започне „утре, задутре или за една недела“.

Секретеарот на Соведот за национална сигурност и одбрана, Данилов, предупреди дека украинската влада нема право да погреши околу одлуката бидејќи ова е „историска шанса“ која не смее да ја изгуби.

За време на интервјуто, Данилов потврди дека некои од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, местото на најкрвавата битка во војната досега – но додаде дека тие се прегрупираат на три други локации.

Данилов, исто така, рече дека е „апсолутно смирен“ поради тоа што Русија почна да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија, велејќи: „Тоа не е новост за нас“.

Украина со месеци планираше контраофанзива, но сакаше што е можно повеќе време да ги обучи војниците и да добие воена опрема од западните сојузници.