Украина под ракетен оган, дали е ова „одмаздата“ на Путин

Медиуми јавуваат дека утрово се нападнати повеќе украински градови.



„ Има информации за напади на многу градови“, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.

Тој изјави и дека во нападите се повредени цивили, пренесува Интерфакс Украина.

Исто така, украинските медиуми јавуваат дека цело утро се слушаат сирени во нападнатите градови.

Експлозии се слушаат утринава во Днепар и Лавов, јавува Интерфакс Украина, повикувајќи се на објави на Телеграм.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, на Телеграм објави дека училиштата денеска ќе бидат затворени, а наставата ќе се одржува од далечина. Тој рече и дека има привремени прекини во мобилните комуникации.