Украина пак барала воена опрема од Македонија – Петровска одговорила негативно

Пред еден месец Укранина испратила ново барање за донација од Македонија. Се барала воена опрема, но овој пат не сме биле во можност да одговориме позитивно, бидејќи опремата која се барала и била потребна и се користи во нашата држава.



„Да има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето“, рече на брифинг со новинарите министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Претходно Македонија два пати одговори позитивно на барањата од Украина за донација на воена опрема, но станувало збор за застарена опрема која не се користела нашата армија и била само товар и трошок за одржување на македонската армија велат од Одбрана.