Олексиј Арестович, советник за безбедност на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, оценува дека мировен договор меѓу Украина и Русија може да се постигне најрано за една-две недели, а најдоцна во мај.
„Мислам дека најдоцна во мај би требало да постигнеме мировен договор, а можеби и многу побрзо. Мировен договор – со повлекување трупи, со сето останато. Или ќе се договориме во блиска иднина, значи за недела-две, или во мај“, го цитира Арестович руската агенција РИА Новости.
Преговорите меѓу двете страни по пат на видео-конференција треба да продолжат денеска.






