Украина нема да извезува јаглен и гас, се подготвува за следната зима

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека без оглед на тоа што планираат напаѓачите, Украина треба да се подготви за следната зима.
„Под услови што ги имаме сега заради агресијата на Русија, ова навистина ќе биде најлошата зима во сите години на независност“, предупреди тој.



Зеленски вели дека е гормиран штаб и дека е разгледувано прашањето за обезбедување на доволни количини природен гас за следната грејна сезона, како и обезбедување доволно производство на јаглен и електрична енергија.

„Од тој момент, нема да има продажба на нашиот гас и јаглен во странство. Целото домашно производство ќе биде насочено кон внатрешните потреби на нашите граѓани “, истакна Зеленски.

Претходно, беше објавено дека производството на јаглен во рудниците на украинската држава се намали за околу една третина заради заплена на дел од објектите, но беа развиени алтернативни опции.