По тврдењата на претседателот на Србија Александар Вучиќ за вмешаноста на Киев во лажните закани со бомби на патничките летови кон Русија, реагираше украинското МНР кое ги нарече „неосновани тврдења“.
Вучиќ, инаку рече дека зад лажните дојавите за „наводни боомби“ стојат странски разузнавачки служби на две земји, од кои едната е членка на ЕУ, а другата е Украина.
Портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко, за агенцијата Укринформ изјави дека изјавите на Вучиќ за наводна вмешаност на Украина во заканите со бомби во авионите кои од Србија летаат кон Русија се „неточни“.
Николенко кажа и дека е разочаран од тоа што Србија сè уште не се придружила на санкциите на Европската Унија против Русија.
„Можеме да ја завршиме војната со санкциите и единството на демократскиот свет. Го повикуваме Белград да се заложи за вистината и целосно да ја поддржи Украина и вредностите на кои се заснова обединета демократска Европа“, порача Николенко.






