Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјави дека Украина не може да влезе во Европската унија се додека руските трупи се на нејзина територија.
„Но, целата идеја е да се осигураме дека Украина ќе излезе од овој конфликт победничка, суверена, независна, слободна и има можност сама да го направи овој избор. И мислам дека Украина се бори за тоа да се случи“, изјави Тимерманс за Дојче веле.
Европските лидери ѝ доделија кандидатски статус на Украина на 23 јуни.
И покрај тоа што е преоклупирана да ја одбрани руската инвазија, од Украина се бара да ги исполни и реформите потребни за членство во ЕУ за да продолжи напред во процесот на пристапување.
Според анкетата во декември, 85 отсто од Украинците веруваат дека украинската победа во војната со Русија бара ослободување на сите територии, кои го вклучуваат Крим и делови од источните региони Доњецк и Луганск, окупирани во 2014 година.







