Претставникот на папата, кардиналот Конрад Крајевски заедно со двајца бискупи и придружуван од еден војник, наводно отишол да дели хуманитарна помош во населените места во Украина „каде што никој друг не оди освен војниците“, соопшти Ватикан.
Групата во еден момент се нашла под оган и морале да бегаат.
„Прв пат во животот не знаев каде да бегам, бидејќи не е доволно да бегаш, треба да знаеш каде“, коментираше Краејвски за инцидентот.





