Украина може да се откаже од барање членство во НАТО за да избегне војна со Русија, изјави украинскиот амбасадор во Велика Британија, ообјави Ројтерс
Тоа би било голема отстапка за Москва, која продолжува да концентрира војници долж границата кон Украина.
Амбасадорот Вадим Пристајко рече дека Украина е подготвена да покаже флексибилност и може да се повлече од барањето членството во НАТО, особено ако притисокот и уцените продолжат.
Украина не е членка на НАТО, но од 2008 година има ветување дека еден ден ќе може да се приклучи.
Тоа би ја одвело Алијансата предводена од САД до руската граница, на што се противи Москва.






