Pрашањето за неутралноста на Украина, една од централните точки на преговорите со Русија за ставање крај на конфликтот, темелно се проучува во Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски.
„Една од клаузулите во преговорите се однесува на „безбедносните гаранции и неутралност и денуклеаризиран статус на нашата држава“, а тоа е барање на Москва, изјави Зеленски во интервју за руските медиуми, кое го пренесе украинското претседателство.
„Подготвени сме да го прифатиме тоа“, рече Зеленски.
Според него, војната може брзо да се заврши, но „рускиот претседател Владимир Путин и неговата придружба се тие што одолговлекуваат“. Зеленски додаде дека договорот меѓу двете завојувани страни треба да биде ратификуван од парламентите на двете земји. Тој повтори дека во Украина ќе се организира референдум за тој договор.







