Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, вели дека неговата земја сака да има место во Европската унија, иако за полноправно членство може да биде потребно повеќе време.
„Не станува збор за што поскоро пристапување на Украина во ЕУ.
Но, тоа што е многу важно за нас е ова место да биде резервирано за Украина“, изјави Кулеба за германската телевизија АРД.







