Статуа на поранешниот советски лидер Владимир Ленин е поставена во градот Хеническ, Украина, кој беше окупирана од Русија, покажуваат фотографиите на социјалните мрежи.
Претходната статуа на Ленин во тој град беше отстранета пред седум години, што беше дел од планот за „декомунизација“ на земјата, пренесува CNN.
Три фотографии, објавени на Фејсбук во понеделникот, покажуваат нова статуа на Ленин пред зградата на регионалниот совет, а на покривот на зградата може да се види руското знаме, според американската телевизија, истакнувајќи дека ја потврдила автентичноста на снимката.
Оригиналната статуа на Ленин пред зградата на владата е отстранета по налог на градскиот совет на 16 јули 2015 година, покажуваат видео и локални извештаи.
Хеническ бил еден од последните градови во регионот кој имал споменик на Ленин, јавува Си-Ен-Ен.
Јуриј Соболевски, украинскиот регионален функционер за Керсон, го потврди поставувањето на овој споменик преку објава на Фејсбук.
„Орките во Херсонската област ги продолжуваат своите експерименти за да се вратат во времето“, напиша Соболевски, користејќи сленг термин за руски војници.
Градот Хеническ се наоѓа на Азовското Море во провинцијата Керсон, северно од границата со Крим, кој Русија го анектираше, според Си-Ен-Ен.







